Фокус група Центар

  • April 8, 2016 12:00am - 12:00am
  • Skopje

Во рамките на проектот „Граѓанско учество за локална демократија“, во Канцеларијата за млади при Општина Центар на 08.04.2016 година, се одржа фокус група со граѓанските организации и засегнати страни од Општина Центар кои делуваат во областа на културата. Водачот на проектот и експертите ги запознаа присутните со активностите и целите на проектот.

Учесниците во фокус групата беа предводени од експертскиот тим на „Центарот за развој на локална демократија (ЦРЛД)“. Пред да се одржи фокус групата беа доставени анкетни прашалници до граѓанските организации и засегнатите странии општинската администрација и Советот на Општина Центар со цел да се дојде до нивните мислења и ставови за состојбата на културата во општината. По завршувањето на фокус групата следеше интервју со контакт лицето од Општината.

Резултатите од анализата на одговорените прашалници, самите фокус групи и интервјуата, ќе бидат составен дел од основната Студија за проценка на моменталната состојба на културата, како и од препораките за понатамошните активности. Студијата е основа за понатамошно спроведување на проектот во насока на дизајнирање на соодветни обуки и активности и води кон подготовка на Стратегија за култура проследена со Акциски план.

User Login