Фокус група Струга

  • April 21, 2016 12:00am - 12:00am
  • Struga Municipality

Во рамките на проектот „Граѓанско учество за локална демократија“, просториите на Центарот на заедницата во општина Струга на 21.04.2016 година, се одржаа две фокус групи. Во првата фокус група учествуваа невладините организации и засегнатите страни чие што дејствие е од областа на културата. Во втората фокус група учествуваше претставник од Советот на Општина Струга и општинската администрација. Водачот на тимот и експертите ги запознаа присутните во двете фокус групи со активностите и целите на проектот.

Учесниците во фокус групите беа предводени од експертскиот тим на „Центарот за развој на локална демократија (ЦРЛД)“. Пред да се одржат фокус групите беа доставени анкетни прашалници до граѓанските организации и засегнатите страни и општинската администрација и Советот на Општина Струга со цел да се дојде до нивните мислења и ставови за состојбата на културата во општината.

Резултатите од анализата на одговорените прашалници, самите фокус групи и интервјуата, ќе бидат составен дел од основната Студија за проценка на моменталната состојба на културата, како и од препораките за понатамошните активности. Студијата е основа за понатамошно спроведување на проектот во насока на дизајнирање на соодветни обуки и активности и води кон подготовка на Стратегија за култура проследена со Акциски план.

User Login