Фокус група Струмица

  • April 18, 2016 10:00am - 02:00pm
  • Strumica

Во рамките на проектот „Граѓанско учество за локална демократија“, во Центарот на заедницата при Општина Струмица на 18.04.2016 година, се одржаа две фокус групи. Првата фокус група беше со граѓанските организации и засегнати страни од Општина Струмица кои делуваат во областа на културата. Во втората фокус група учествуваше претставник од Советот на Општина Струмица и општинската администрација. Водачот на проектот и експертите ги запознаа присутните со активностите и целите на проектот.

Учесниците во фокус групите беа предводени од експертскиот тим на „Центарот за развој на локална демократија (ЦРЛД)“. Пред да се одржи фокус групата беа доставени анкетни прашалници до граѓанските организации и засегнатите страни и општинската администрација и Советот на Општина Струмица со цел да се дојде до нивните мислења и ставови за состојбата на културата во општината.

Резултатите од анализата на одговорените прашалници, самите фокус групи и интервјуата, ќе бидат составен дел од основната Студија за проценка на моменталната состојба на културата, како и од препораките за понатамошните активности. Студијата е основа за понатамошно спроведување на проектот во насока на дизајнирање на соодветни обуки и активности и води кон подготовка на Стратегија за култура проследена со Акциски план.

 

User Login