Фокус група за администрацијата и Советот на Општина Центар

  • January 1, 1970 12:00am - 12:00am

Во рамките на проектот „Граѓанско учество за локална демократија“, во салата за состаноци на Советот на Општина Центар на 16.05.2016 година, се одржа фокус група со претставници од општинската администрација и Советот на општината. Водачот на тимот и експертите ги запознаа присутните со активностите и целите на проектот.

Учесниците во фокус групите беа предводени од експертскиот тим на „Центарот за развој на локална демократија (ЦРЛД)“. Пред да се одржат фокус групите беа доставени анкетни прашалници до граѓанските организации и засегнатите страни и општинската администрација и Советот на Општина Струга со цел да се дојде до нивните мислења и ставови за состојбата на културата во општината.

Резултатите од анализата на одговорените прашалници, самите фокус групи и интервјуата, ќе бидат составен дел од основната Студија за проценка на моменталната состојба на културата, како и од препораките за понатамошните активности. Студијата е основа за понатамошно спроведување на проектот во насока на дизајнирање на соодветни обуки и активности и води кон подготовка на Стратегија за култура проследена со Акциски план.

User Login