Јавна расправа во Општина Струга по нацрт Стратегијата од областа на културата 2017-2022

  • November 18, 2016 01:00pm - 03:00pm
  • Hotel Drim

На 18.11.2016 година, со почеток во 13.00 часот во хотел Дрим (сала “Пијано-десно”) ќе се одржи јавна расправа по нацрт Стратегијата од областа на културата 2017-2022.

Изготвувањето на Стратегијата за култура 2017-2022 е една од проектните активности во рамките на проектот „Граѓанско учество за локална демократија”. За таа цел, во изминатиот период беа организирани три обуки за општинската администрација, институциите, граѓанските организации и граѓаните на тема: „Алатки за партиципативно планирање”, „Стратешко планирање и ситуациски анализи” и „Методи на акциско планирање”, како и три работилници: „Ситуациски анализи и Визионирање”, „Развој на стратешка рамка” и „Развој на акциски план”.

На јавната расправа ќе биде презентирана нацрт Стратегијата која произлегува од горенаведените обуки и работилници и ќе биде овозможено директно учество на граѓаните и граѓанските организации во насока на нејзино подобрување.

На истата покрај заинтересирани граѓани и граѓански организации ќе учествуваат и претставници од институциите, општинската администрација и Советот на Општина Струга.

Нацрт Стратегијата и Акциониот План можете да ги погледнете на следниот линк.

АГЕНДА

User Login