Јавна расправа во Општина Струмица по нацрт Стратегијата од областа на културата 2017-2022

  • November 10, 2016 10:00am - 12:00pm
  • Dom na ARM

На 10.11.2016 година, со почеток во 10.00 часот во Салата на Советот на Oпштина Струмица се одржa јавна расправа по нацрт Стратегијата и Акцискиот план од областа на културата 2017-2022.

Расправата ја отвори Софче Јанева – контакт лице назначено од Општина Струмица за потребите на проектот Граѓанско учество за локална демократија.Во продолжение, збор земаа: Јулијана Караи – координатор на проектoт, Александар Гумберовски – експерт за локална самоуправа кој дирекно беше инволвиран во креирањето на документите и Светлана М. Вучетиќ – претставник од институцијата „Дом за деца и млади“ и активен учесник на обуките и работилниците.

Се даде краток опис на досегашните активности, како претходница на креирањето на нацрт Стратегијата и нацрт Акцискиот план.

Со свои сугестии и предлози учествуваа претставници од општинската администрација и Советот на Општина Струмица, институции и граѓански здруженија и граѓани. Содржината на Стратегијата беше искрено поздравена од страна на присутните, со нагласување на потрeбата истата да биде реален двигател на културата и културните дејности во Општина Струмица.

User Login