Јавна расправа во Општина Струмица по нацрт Стратегијата од областа на културата 2017-2022

  • November 10, 2016 10:00am - 12:00pm
  • Strumica

На 10.11.2016 година, со почеток во 10.00 часот во Салата на Советот на Oпштина Струмица – Дом на АРМ ќе се одржи јавна расправа по нацрт Стратегијата од областа на културата 2017-2022.

Изготвувањето на Стратегијата за култура 2017-2022 е една од проектните активности во рамките на проектот  Граѓанско учество за локална демократија”.

За таа цел, во изминатиот период беа организирани три обуки за општинската администрација и Совет, институциите, граѓанските организации и граѓаните на тема: Алатки за партиципативно планирање”,Стратешко планирање и ситуациски анализи и Методи на акциско планирање, како и три работилници: Ситуациски анализи и Визионирање”, Развој на стратешка рамка” и Развој на акциски план”.

На јавната расправа ќе биде презентирана нацрт Стратегијата која произлегува од горенаведените обуки и работилници и ќе биде овозможено директно учество на граѓаните и граѓанските организации во насока на нејзино подобрување.

На истата покрај заинтересирани граѓани и граѓански организации ќе учествуваат и претставници од институциите, општинската администрација и Советот на Општина Струмица.

Нацрт Стратегијата и Акциониот План можете да ги погледнете на следниот линк:

Ресурси

User Login