Јавна расправа во Општина Центар по нацрт Стратегијата од областа на културата 2017-2022

  • November 21, 2016 10:00am - 12:00pm
  • Holiday Inn Skopje

На 21.11.2016 година (понеделник), со почеток во 10.00 часот во хотел Холидеј Ин (сала “Милениум 2”) се одржa јавна расправа по нацрт Стратегијата од областа на културата 2017-2022.

Расправата ја отвори Офелија Ивановска – контакт лице назначено од Општина Центар за потребите на проектот Граѓанско учество за локална демократија. Во продолжение, збор земаа: Јулијана Караи – координатор на проектoт, Александар Гумберовски – експерт за локална самоуправа и Иван Торомановски – екперт за граѓанско општество, кои беа директно вклучени во креирањето на документите.

Беше даден краток опис на досегашните активности, како претходница на креирањето на нацрт Стратегијата и Акцискиот план, а се презентираа и самите документи.

Со свои сугестии и предлози учествуваа претставници од општинската администрација на Општина Центар, заинтересирани граѓани и граѓански здруженија.

User Login