Јавна расправа во општина Центар по нацрт Стратегијата од областа на културата 2017-2022

  • November 21, 2016 10:00am - 12:45pm
  • Holiday Inn Skopje

На 21.11.2016 година, со почеток во 10.00 часот во хотел Холидеј Ин  (сала Милениум 2), ќе се одржи јавна расправа по нацрт Стратегијата од областа на културата 2017-2022.
Изготвувањето на Стратегијата за култура 2017-2022 е една од проектните активности во рамките на проектот „Граѓанско учество за локална демократија”. За таа цел, во изминатиот период беа организирани три обуки за општинската администрација, институциите, граѓанските организации и граѓаните на тема: „Алатки за партиципативно планирање”, „Стратешко планирање и ситуациски анализи” и „Методи на акциско планирање”, како и три работилници: „Ситуациски анализи и Визионирање”, „Развој на стратешка рамка” и „Развој на акциски план”.

На јавната расправа ќе биде презентирана нацрт Стратегијата која произлегува од горенаведените обуки и работилници и ќе биде овозможено директно учество на граѓаните и граѓанските организации во насока на нејзино подобрување.

На истата покрај заинтересирани граѓани и граѓански организации ќе учествуваат и претставници од институциите, општинската администрација и Советот на општина Центар.

Нацрт Стратегијата и Акциониот План можете да ги погледнете на следниот линк.

АГЕНДА

 

User Login