Обука на тема – „Алатки за партиципативно планирање“ во Општина Струмица

  • May 17, 2016 12:00am - 12:00am
  • Strumica

Фондација Отворено општество – Македонија (ФОOМ) во соработка со Центарот за развој на локална демократија (ЦРЛД), во рамките на проектот „Граѓанско учество за локална демократија“ реализираше еднодневна обука во Општина Струмица, на 17.05.2016 година во хотелот Есперанто, на тема „Алатки за партиципативно планирање“ наменета за граѓански организации, културни институции и претставници од општинската администрација и Советoт на општината. Обуката имаше за цел да ги воведе учесниците во процесот на стратешко планирање.

Учесниците беа поделени на три групи и тоа:

1 група – претставници од културни институции;

2 група – претставници од општинската администрација и Советот на општината и

3 група – претставници од граѓанските организации.

Групите изработија по 4 вежби и тоа: „подготовка за стратешко планирање во областа на културата – анализа на почетната состојба“, „анализа на засегнатите страни во областа на културата“, „PEST анализа во областа на културата“ и „изработка на SWOT анализа од областа на културата“.

 

User Login