Обука на тема „Алатки за партиципативно планирање“ во Општина Центар

  • May 30, 2016 10:00am - 04:00pm
  • Menada

Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) во соработка со Центарот за развој на локална демократија (ЦРЛД), во рамките на проектот „Граѓанско учество за локална демократија“ реализираше еднодневна обука во Општина Центар, на 30.05.2016 година во просториите на ГЕМ клубот, на тема „Алатки за партиципативно планирање“ наменета за граѓански организации, културни институции и претставници од општинската администрација и Советoт на општината. Обуката имаше за цел да ги воведе учесниците во процесот на стратешко планирање.

Учесниците изработија 4 вежби и тоа: „подготовка за стратешко планирање во областа на културата – анализа на почетната состојба“, „анализа на засегнатите страни во областа на културата“, „PEST анализа во областа на културата“ и „изработка на SWOT анализа од областа на културата“.

User Login