Обуки „Агенда за култура 2020, националниот контекст и законодавството vis-a-vis ЕУ културната политика“ и „Финансиски менаџмент, подигање фондови и ЕУ институции и фондови за култура“ за граѓански организации во Oпштина Струга

  • December 19, 2016 09:00am - 05:00pm
  • Hotel Drim

Во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија, на 19 и 20 декември 2016 година во хотелот Дрим, ќе се одржат две еднодневни обуки на тема „Агенда за култура 2020, националниот контекст и законодавството vis-a-vis  ЕУ културната политика“ и „Финансиски менаџмент, подигање фондови и ЕУ институции и фондови за култура“. Обуките се наменети за граѓанските организации од областа на културата од Општина Струга.

Целта на сетот од четири еднодневни обуки е да се зајакне институционалниот и организацискиот развој и одржливост на граѓанските организации.

Претходно, во рамките на проектот беа одржани три еднодневни обуки за општините Струмица, Струга и Центар: „Алатки за партиципативно планирање“,  „Стратешко планирање и ситуациски анализии“ и „ Методи на акциско планирање“, и три заеднички работилници: „Ситуациски анализи и Визионирање” „Развој на стратешка рамка“ и „Развој на Акционен План”.

Беше одржана јавна расправа по предлог Стратегијата за култура и Предлог Акцискиот план на Општина Струга, а на 6.12.2016 година, Советот на Општината ја усвои Стратегијата за култура со Акциски план на Општина Струга за периодот 2017-2022 година.

User Login