Обуки „Финансиски менаџмент, подигање фондови и ЕУ институции и фондови за култура“ и „Агенда за култура 2020, националниот контекст и законодавството vis-a-vis ЕУ културната политика“за ГО во општина Струмица

  • December 19, 2016 09:00am - 04:00pm
  • Villa Park Hotel

Во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија, на 19 и 20-ти декември2016 година во хотелот Вила Парк, ќе се одржат две еднодневни обуки на тема „Финансиски менаџмент, подигање фондови и ЕУ институции и фондови за култура“ и „Агенда за култура 2020, националниот контекст и законодавството vis-a-vis  ЕУ културната политика“. Обуките се наменети за граѓанските организации од областа на културата од општина Струмица.

Целта на сетот од четири еднодневни обуки е да се зајакне институционалниот /организациски раст и одржливост на граѓанските организации.

Претходно, во рамките на проектот беа одржани три еднодневни обуки за општините Струмица, Струга и Центар: „Алатки за партиципативно планирање“,  „Стратешко планирање и ситуациски анализии“ и „ Методи на акциско планирање“, и три заеднички работилници: „Ситуациски анализи и Визионирање” „Развој на стратешка рамка“ и „Развој на Акционен План”.

Беше одржана јавна расправа по предлог Стратегијата за култура и Предлог Акцискиот план на Општина Струмица, а на 16.11.2016 година, Советот на Општината донесе Одлука за усвојување на Стратегијата за култура со Акциски план на Општина Струмица за периодот 2017-2022 година.

User Login