Oдржани обуки на тема „ Стратешко планирање и ситуациски анализи” и „Методи на акциско планирање” наменети за граѓанските организации и претставници од Општина Струмица

  • June 27, 2016 10:00am - 04:30pm
  • Hotel Esperanto

Во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија на 27 и 28 јуни 2016 година во Струмицa (хотел Eсперанто) се  одржаa две еднодневни обуки на тема „ Стратешко планирање и ситуациски  анализи” и “Методи на акциско планирање”.

Целта на обуките е градење на капацитетите на граѓанските организации и единиците на локалната самоуправа за стратешки менаџмент и партиципативно планирање. Инаку, станува збор за сет од три еднодневни обуки во трите партнерски општини (вкупно 9) на кои континуирано ќе учествуваат по 20 претставници од граѓанските организации и општините.

Проектот Граѓанско учество за локална демократија е поддржан од Европската унија и се спроведува од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во партнерство со Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД) во општините Струга, Струмица и Центар. Негова цел е да помогне во зајакнување на влијанието на граѓанското општество во развојот на јавните културни политики и донесувањето одлуки на локално ниво, како и создавање средина која ги охрабрува активностите на граѓанските организации за имплементација на локалните културни политики. Проектот започна со реализација во јануари 2016 година и ќе трае до јуни 2017 година.

 

User Login