Обуки „Управување со проектен циклус“ и „Агенда за култура 2020, националниот контекст и законодавството vis-a-vis ЕУ културната политика“за граѓански организации во Oпштина Центар

  • December 22, 2016 09:00am - 04:00pm
  • Holiday Inn Skopje

Во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија, на 22 и 23 декември2016 година во хотелот Холидеј Ин (сала Бисер), ќе се одржат две еднодневни обуки на тема „Управување со проектен циклус“ и „Агенда за култура 2020, националниот контекст и законодавството vis-a-vis  ЕУ културната политика“. Обуките се наменети заграѓанските организации од областа на културата од Општина Центар.

Целта на сетот од четири еднодневни обуки е да се зајакне институционалниот и организацискиот развој и одржливост на граѓанските организации.

Претходно, во рамките на проектот беа одржани три еднодневни обуки за општините Струмица, Струга и Центар: „Алатки за партиципативно планирање“,  „Стратешко планирање и ситуациски анализии“ и „ Методи на акциско планирање“, и три заеднички работилници: „Ситуациски анализи и Визионирање” „Развој на стратешка рамка“ и „Развој на Акционен План”.

Беше одржана јавна расправа по предлог Стратегијата за култура и Предлог Акцискиот план на Општина Центар, а на 6.12.2016 година, Советот на Општината ја усвои Стратегијата за култура со Акциски план на Општина Центар за периодот 2017-2022 година.

User Login