Одржана јавна расправа во Општина Струга по нацрт Стратегијата од областа на културата 2017-2022

  • November 18, 2016 01:00pm - 03:00pm
  • Hotel Drim

На 18.11.2016 година (пeток), со почеток во 13.00 часот во Струга, во хотелот Дрим се одржa јавна расправа по нацрт Стратегијата од областа на културата 2017-2022.

Расправата ја отвори Сурја Рашити – раководител на одделение за образование и култура во Општина Струга, а  во продолжение, збор земаа: Јулијана Караи – координатор на проектoт и Јане Вртески експерт за стратешко управување, кој беше директно вклучен во креирањето на документите.

Беше даден краток опис на досегашните активности, како претходница на креирањето на нацрт Стратегијата и Акцискиот план, а се презентираа и самите документи.

Со свои сугестии и предлози учествуваа претставници од општинската администрација и Советот на Општина Струга, заинтересирани граѓани и граѓански здруженија.

User Login