ОДРЖАНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОВИКОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ОД СТРУМИЦА, СТРУГА И ЦЕНТАР

  • March 24, 2017 12:00pm - 01:30pm

На 24ти март 2017 година, во 12 часот, во ЕУ Инфо Центарот во Скопје, проектот „Граѓанско учество за локална демократија” одржа прес конференција на која беа објавени резултатите од Повикот за доделување грантови на граѓански организации од Струмица, Струга и Центар (Скопје).

Тековниот проект „Граѓанско учество за локална демократија” е финансиран преку ИПА 2 Програмата за граѓанско општество и медиуми 2014-2015 на Европската Унија, а го имплементираат Фондација Отворено општество – Македонија и ЗГ Центар за развој на локалната демократија.

Повикот за доделување грантови беше објавен на 17.12.2016, а Комисијата за одлучување по повикот донесе одлука да додели грант на 9 проекти од вкупно 31 пристигната пријава, во вкупен износ од 84.720 EUR. Проектите произлегуваат од Стратегиите и Акционите планови за култура на општините Струга, Струмица и Центар.

Грантовите беа доделени на следните проекти:

  1. „Музеј Виа Кандавиа – Ливада”, дестинација за културен туризам во Струга”, Здружение за етнокултура „ВИА Кандавиа” – Стругa;
  2. „Струга Креативен град”, Здружение Иницијатива за независен културен активизам ИНКА – Струга;
  3. „Етникумите заеднички се почитување на културните вредности”, Здружение за развој на меѓуетнички дијалог „Етнитети” – Струга;
  4. „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме!”,Организација на жени од Струмица;
  5. „Интерактивна платформа на манифестации, настани, културни работници и организации/здруженија во доменот на културата”, Здружение Туристички сојуз – Струмица;
  6. „Креативна акција за културна мобилизација”, Здружение за едукација и развој на лица со пречки во развојот Еднаквост за проектот – Струмица;
  7. „24.doc”, Здружение на поддршка на деца и млади со различности СИНАТА ПТИЦА – Скопје;
  8. „Прво па женско – фестивал за феминистичка култура”, ЗГ за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје;
  9. „Децата во центар (на вниманието)”, ЗГ Буден театар – Скопје.

Говорници на настанот беа:

  • Ирена Иванова, Програмски менаџер, Делегација на Европска Унија
  • Јулијана Караи, Проектен координатор (ФООМ)
  • Влатко Петрушевски, Проектен координатор (ФООМ)

User Login