Одржана работилница „Развој на стратешка рамка“

  • August 31, 2016 02:00pm - 03:00pm
  • Hotel Montana Palace

Во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија од 30 август до 1 септември 2016 година, во хотелот Монтана во Крушево, се одржа втората заедничка работилница на тема „Развој на стратешка рамка”.
На работилницата учествуваа претставници на граѓанските организации, институциите од областа на културата, општинската администрација и Советот на општините: Струмица, Струга и Центар.

Првиот ден од работилницата започна со две тркалезни маси на кои се разви дискусија од која се донесоа одредени заклучоци. Наредните два дена се одржаа вежби фокусирани на стратешките цели, приоритети и мерки врз основа на кои ќе се утврдат проектите и активностите за Акциските планови.

Во понатамошниот период следи уште една работилница, со што ќе се заокружи сетот од три работилници.

Основната цел на заедничките работилници е развивање на Стратегиите за култура проследена со акциски планови за секоја од трите општини.

User Login