ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА „СИТУАЦИСКИ АНАЛИЗИ И ВИЗИОНИРАЊЕ” ВО КРУШЕВО

  • July 12, 2016 11:00am - 03:00pm

Во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија на 12 и 13 јули 2016 година (вторник и среда), во хотелот Монтана во Крушево, се одржa дводневна работилница на тема „Ситуациски анализи и визионирање”.
На работилницата учествуваа претставници на граѓанските организации, општинската администрација и Советот на општините: Струмица, Струга и Центар.

Претходно, во рамките на проектот беа реализирани три еднодневни обуки во секоја од горенаведените општини: Алатки за партиципативно планирање; Стратешко планирање и ситуациски анализи и Методи на акциско планирање.

На заедничката работилница започнa подготовката на Стратегиите за култура на трите општини, а во понатамошниот период ќе следуваат уште две заеднички работилници (едната од нив ќе се одржи на почетокот на септември 2016 година).

User Login