Одржана работилницата „Развој на Акционен план“

  • September 28, 2016 02:00pm - 03:00pm
  • Hotel Belvedere Ohrid

Во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија од 28 до 30 септември 2016 година, во хотелот Белведере во Охрид, се одржa третата заедничка работилница на тема „Развој на Акционен план”. На работилницата учествуваа претставници на граѓанските организации, културните институции, општинската администрација и Советот на општините: Струмица, Струга и Центар.

Првиот ден беа одржани две тркалезни маси. На првата тркалезна маса се дискутираше на темата „Потенцијали за Јавно-јавно и Јавно-приватно партнерство за развој и понуда на културни содржини на локално и регионално ниво“, а на втората тркалезна масa се дискутираше на темата „Како да се создадат услови на локално ниво за секој да може да искуси култура, да учествува во културните програми и да ги развие своите креативни потенцијали“. Следните два дена учесниците се фокусираа на одредување на активности/проекти за секоја идентификувана мерка во Избалансираната карта на показатели.

Со третата работилница се заокружи сетот на работилници, чија што цел е развивање на Стратегија за култура проследена со Акциски план за секоја од општините.

Следуваат јавни расправи во секоја од партнерските општини.

User Login