ОДРЖАНА ЗАВРШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА

  • June 22, 2017 12:00pm - 02:30pm
  • Holiday Inn Skopje

На 22 јуни 2017 година (четврток), со почеток во 12 часот, во хотелот Холидеј ин во Скопје, се одржа завршната конференција „Културни акции за унапредување на општините – Регрантисти во рамките на проектот ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА од ИПА 2 Програма за граѓанско општество и медиуми 2014-2015“, во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД).

На настанот поздравни обраќања имаа Никола Бертолини, Раководител за соработка од Делегацијата на Европска Унија, Роберт Алаѓозовски, Министер за култура, Фани Каранфилова-Пановска, извршна директорка на ФООМ и Георги Христов, претседател на ЦРЛД.

Воедно, преставници од партнерските општини Струмица, Струга и Скопје ги презентираа заклучоците за усвоените локални стратегии и акциски планови за култура, а потоа претставници од регрантираните организации споделија дел од културните акции кои се дел од локалните акциски планови.

Проектот Граѓанско учество за локална демократија е поддржан од Европската унија и се спроведува од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со Центарот за развој на локалната демократија во општините Струга, Струмица и Центар. Проектот, кој започна со реализација во јануари 2016 година и трае до јуни 2017 година, претставува надополнување на заедничките активности во рамки на концептот Општина по мерка на граѓаните кој ФООМ го спроведуваше од почетокот на 2014 година во гореспоменатите општини. Буџетот на проектот изнесува 286,950 EUR.

Целта на проектот е да помогне во зајакнување на влијанието на граѓанското општество во развојот на јавните културни политики и донесувањето одлуки на локално ниво, како и создавање средина која ги охрабрува активностите на граѓанските организации за имплементација на локалните културни политики.

Во рамките на проектот меѓудругото, беа подготвени и усвоени Стратегиите за култура во сите 3 општини и беарегрантирани9 граѓански организации (во вкупен износ од  84.720 EUR) за јакнење на нивниот капацитет и поддршка на мали иновативни проекти од областа на културата во насока на спроведување на локалните стратегии.

Регрантирани беа следните проекти:

  1. „Музеј Виа Кандавиа – Ливада”, дестинација за културен туризам во Струга”, Здружение за етнокултура „ВИА Кандавиа” – Стругa;
  2. „Струга Креативен град”, Здружение Иницијатива за независен културен активизам ИНКА – Струга;
  3. „Етникумите заеднички се почитување на културните вредности”, Здружение за развој на меѓуетнички дијалог „Етнитети” – Струга;
  4. „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме!”,Организација на жени од Струмица;
  5. „Интерактивна платформа на манифестации, настани, културни работници и организации/здруженија во доменот на културата”, Здружение Туристички сојуз – Струмица;
  6. „Креативна акција за културна мобилизација”, Здружение за едукација и развој на лица со пречки во развојот Еднаквост за проектот – Струмица;
  7. „24.doc”, Здружение на поддршка на деца и млади со различности СИНАТА ПТИЦА – Скопје;
  8. „Прво па женско – фестивал за феминистичка култура”, ЗГ за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје;
  9. „Децата во центар (на вниманието)”, ЗГ Буден театар – Скопје.

 

VAF49162

User Login