Oдржани обуки:„Управување со проектен циклус“и„Мултисекторски пристап“за граѓанските организации во Oпштина Струга

  • December 26, 2016 09:00am - 03:00pm
  • Hotel Drim

Во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија, на 26 и 27декември2016 година во хотелот Дрим, беа одржани две еднодневни обуки на тема „Управување со проектен циклус“и„Мултисекторски пристап“.  Обуките беа наменети за граѓанските организации од областа на културата од Oпштина Струга.

Предходно се одржаа две еднодневни обуки кои се дел од сетот четири еднодневни обуки: „Финансиски менаџмент, подигање фондови и ЕУ институции и фондови за култура“ и „Агенда за култура 2020, националниот контекст и законодавството vis-a-vis ЕУ културната политика“.
Целта на обуките беше јакнење институционалниот и организацискиот капацитет и одржливост на граѓанските организации.

User Login