Одржани работилници за спроведување на политиките од областа на културата преку доделување грантови и подобрување на соработката со граѓанските организации

  • December 5, 2016 12:00pm - 03:00pm
  • Macedonia (FYROM)

Во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија се одржaa еднодневни работилници во трите партнерски општини, и тоа во: Струга на 6.12.2016, Струмица на 07.12.2016 и Центар на 09.12.2016.

Работилниците беа предводени од експертот за грантови и проектниот тим. На истите присуствуваа претставници од општинската администрација и Центрите на Заедницата од трите општини.

Целта на работилниците беше јакнење на капацитетите на локалната самоуправа за спроведување на политиките од областа на културата преку доделување  грантови и подобрување на соработката со граѓанските организации.

На работилниците се дискутираше за следното: развој на критериуми за грант шеми, поточно разгледување на содржината и условите на Повикот за грантови кој треба да биде објавен во текот на месец декември 2016 година во рамките на проектот, потребните формулари/прилози кон повикот, транспарентноста и видливоста на процесот на објавување грантови.

Исто така, беше искористена можноста да се разговара за процедурите кои секоја од општините ги има развиено во насока на доделување грантови. Секоја од општините има одредени специфики на тој план, но беше заземен став дека во иднина постои можност да бидат користени и формуларите кои беа понудени во рамките на проектот, пред се’ кога се работи за објавување повици за грантови во сферата на културата.

User Login