ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОВИКОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА

  • March 24, 2017 12:00pm - 01:30pm

На 24 март 2017 година(петок), во 12 часот, во ЕУ Инфо Центарот во Скопје, проектот Граѓанско учество за локална демократија ќе ги објави резултатите од Повикот за доделување грантови на граѓански организации од Струмица, Струга и Центар (Скопје).

Тековниот проект Граѓанско учество за локална демократија е финансиран преку ИПА 2 Програмата за граѓанско општество и медиуми 2014-2015 на Европската Унија, а го имплементираат Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) и ЗГ Центар за развој на локалната демократија (ЦРЛД).

Повикот за доделување грантови беше објавен на 17.12.2016 а Комисијата за одлучување по повикот донесе одлука да додели грант на 9 проекти од вкупно 31 пристигната пријава, во вкупен износ од 84.720 ЕУР. Проектите произлегуваат од Стратегиите и Акционите планови за култура на општините Струга, Струмица и Центар.

ДНЕВЕН РЕД

User Login