ПРОЕКЦИЈА НА ВИДЕО ФИЛМОТ „24.DOC”

  • June 9, 2017 07:00pm - 10:00pm
  • Kino Kultura

Во рамките на проектот 24.doc имплементиран од „Здружението за поддршка на деца и млади со различности СИНАТА ПТИЦА – Скопје“,на 9 јуни во 19 часот, во Кино Култура, (ул. Луј Пастер 12 – Скопје), ќе се одржи проекцијата на краткиот видео филм „24.doc“.

Филмот е производ од видео работилниците во кои учествуваа ученици со и без попреченост од три инклузивни училишта од општина Центар („Јохан Хајнирх Песталоци“, „Гоце Делчев“ и „Кирил и Методиј“). Учениците со различни попречености: аутизам, Даунов синдром, церебрална парализа и други попречености, заедно со нивните типични соученици снимаа во Градскиот парк, Музејот на современа уметност и во Националната галерија на Македонија – објект Чифте амам. Во тој процес тие ги отркиваа своите таленти, размислувања, желби и надежи и подобро се запознаваа едни со други.

Работилниците ги водеше професионален режисер – Јане Алтипармаков, поддржан од стручен тим, специјални едукатори.

По проекцијата ќе следи дебата на тема „ Како до одржливи инклузивни програми во културата“ што ќе ја модерира Искра Гешоска, културeн работник.

User Login