Работилници „Изработка и развој на План за управување со култура“

  • March 13, 2017 10:00am - 04:00pm
  • Hotel Romantik

Во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија на 13 и 14 март 2017 во хотел Романтик – Велес, се одржаа две заеднички работилници „Изработка и развој на план за управување со културата“. На работилниците учествуваа граѓански организации и претставници од администрацијата на општините Центар, Струга и Струмица. Работилниците беа предводени од експертскиот тим на ЗГ Центар за развој на локалната демократија (ЦРЛД).

Учесниците беа поделени во три групи (секоја општина пооделно) и дирекно учествуваа во изработката и развивањето на Планот за управување со културата на локално ниво преку различни вежби и задачи кои им беа зададени во текот на работилницата. Тековно изработените вежби беа презентирани од секоја општина поединечно со цел да се запознаат и останатите со моменталната состојба на културата на локално ниво.

Планот за управување со културата е документ кој ќе им помогне на трите општини во реализација на нивните Стратегии и Акциони Планови за култура.

User Login