Се одржаа две еднодневни обуки „Вмрежување, соработка и застапување“ и „Односи со медиумите“ во трите партнерски општини

  • February 16, 2017 10:00am - 04:00pm
  • Macedonia (FYROM)

Во рамките на проектот „Граѓанско учество за локална демократија“, се одржаа две еднодневни обуки „Вмрежување, соработка и застапување“ и „Односи со медиумите“ во трите партнерски општини и тоа:

  • Општина Центар на 16 и 17 февруари 2017 година во хотел Холидеј Ин;
  • Општина Струмица на 20 и 21 февруари 2017 во хотел Вила Парк
  • Општина Струга на 23 и 24 февруари 2017 во хотел Дрим

Обуките беа наменети за граѓанските организации кои добија грант.

Обуките „Вмрежување, соработка и застапување“ имаа за цел да им помогнат на ГО во промовирање на постигнатите резултати, како и подобрување на комуникацијата со другите ГО во соодветната општина.

На обуките “Односи со медиумите“ се разработија различни медиумски алатки кои ќе им овозможат на ГО-грантисти поголема видливост во имлементацијата на проектите за кои им беа доделени грантовите.

User Login