Се одржаа обуки на тема „ Стратешко планирање и ситуациски анализи” и „Методи на акциско планирање” во Општина Центар

  • June 15, 2016 10:00am - 04:30pm
  • Menada

Во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија на 15 и 16 јуни 2016 година во ГЕМ клубот се одржаа две еднодневни обуки на тема „Стратешко планирање и ситуациски анализи” и “Методи на акциско планирање”, со што заврши сетот од трите еднодневни обуки во Општина Центар. На обуките присуствуваа претставници од граѓанските организации, општинската администрација и Советoт на Општина Центар.

Целта на обуките беше градење на капацитетите на граѓанските организации и единиците на локалната самоуправа за стратешки менаџмент и партиципативно планирање.

Во продолжение на проектот следуваат три последователни дводневни работилници со сите три партнерски општини заедно, чија цел е развој на локална Стратегија за култура проследена со Акциски план.

User Login