Се одржаа обуки на тема „ Стратешко планирање и ситуациски анализи” и „Методи на акциско планирање” во Општина Струга

  • June 2, 2016 10:00am - 04:30pm
  • Hotel Drim

Во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија на 02 и 03 јуни 2016 година во Струга (Хотел Дрим) се одржаа две еднодневни обуки на тема „ Стратешко планирање и ситуациски  анализи” и “Методи на акциско планирање”.

Целта на обуките е градење на капацитетите на граѓанските организации и единиците на локалната самоуправа за стратешки менаџмент и партиципативно планирање.

Проектот Граѓанско учество за локална демократија е поддржан од Европската унија и се спроведува од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во партнерство со Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД) во општините Струга, Струмица и Центар. Негова цел е да помогне во зајакнување на влијанието на граѓанското општество во развојот на јавните културни политики и донесувањето одлуки на локално ниво, како и создавање средина која ги охрабрува активностите на граѓанските организации за имплементација на локалните културни политики. Проектот започна со реализација во јануари 2016 година и ќе трае до јуни 2017 година.

 

User Login