ЗГ Буден театар

Контакт на организацијата:
• Телефон: 077/817-452, 078/655-429
• Адреса: Народен Фронт 25/63, 1000 Скопје
• Електронска адреса (e-mail): budenteatar@gmail.com
• Веб сајт: (доколку го има): www.budenteatar.org / https://www.facebook.com/BudenTeatar/?fref=ts

Мисија на организацијата

Главниот фокус е работа во насока на раст и развој на независната театарска сцена, нејзина меѓународна промоција, соработка и мотивирање на интеркултурна размена. Организацијата продуцира театарски претстави, организира курсеви наменети за театарски профеционалци, креативни курсеви за деца и е организатор на Меѓународниот фестивал за детски театар „Фенер“.

Име на проект: „Децата во центар (на вниманието)“

Цел:

Kреирање културна понуда наменета за детска публика на високо уметничко ниво која ќе се реализира на ниво на Општина Центар и преку која Општината ќе стане субјект кој на редовно ниво нуди квалитетни културни содржини и активности за најмладите.

Активности:

Во рамките на проектот ќе се организираат културни настани за деца и тоа: 14 бесплатни изведби на претставата „Писмо некому“ во основните училишта во општина Центар, со цел да се влијае врз негативните стереотипи за бегалците; театарски работилници илитературни читања, како и реализација на четвртото издание на Меѓународниот фестивал за детски театар „Фенер“.

 

User Login