ЗГ за промоција на женската активност Тиииит! Инк.

Контакт на организацијата:
• Телефон: 075/299-877
• Адреса: ул. Козле 49б, Скопје
• Електронска адреса (e-mail):tiiii.inc@gmail.com
• Веб сајт: (доколку го има): https://www.facebook.com/Tiiiit.inc/

Мисија на организацијата:

Здружението организира креативни настани, дискурзивни активности, акција и продукција во полето на современата култура да ги застапува женските права и го организира Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“.

Име на проект: „Прво па женско – фестивал за феминистичка култура и акција (петто издание)“

Цел:

Воспоставување модел за поддршка од локалната власт на културни активности кои ги промовираат феминистичката култура и актививизампреку: поддршка на oпштината од локалната организација во структурирањето и реализирањето на популарни содржини кои промовираат женски права и родова рамноправност и унапредување на капацитетите на локалната организација низ соработка со oпштината.

Поддршка на активната женска интелектуална и креативна продукција од локалната заедница преку овозможување промоција и вмрежување.

Активности:

Проектот ќе го реализира настанот „ПичПрич – гала вечер за раскажување на женски приказни“ во областа на феминизмот и родовата еднаквост. Исто така ќе се организира и фестивалска програма која што ќе вклучува промоции на индивидуалци и организации кои делуваат во областа на правата на жените и човековите права, активизмот во земјата, регионот и ЕУ, предавања за женските перспективи во литературата, уметноста и популарната култура, уметнички изложби, работилници итн.

User Login