Здружение за етнокултура „ВИА Кандавиа”

Контакт на организацијата:
• Телефон: 070-677-238
• Адреса: Улица-Маршал Тито,Објект Безистен, локал 113 – Струга
• Електронска адреса (e-mail): clirim001@hotmail.com
• Веб сајт: (доколку го има): https://www.facebook.com/Etnokultura-Via-Kandavia-114725485365683/?fref=ts

Мисија на организацијата

Зачувување на културното и историското наследство, организација на семинари и обуки од областа на образованието, културата, меѓуетничките односи итн.

Име на проект: Музеј “Виа Кандавиа” – Ливада, дестинација за културен туризам во Струга

Цел:

Промовирање на Музејот Етнокултура Виа Кандавиа Ливада – Струга како дестинација за учениците од основните и средните училишта од цела Југозападна Македонија и пошироко, како и промовирање кај локалните тур-оператори и деловните објекти.

Активности:

Во рамките на проектот ќе се креира база на податоци во која ќе се внесат сите артефакти на англиски, македонски и албански јазик. Со цел посетителите да се запознаат со музејот ќе се печатат брошури и друг промотивен материјал и ќе се промовира во сите основни и средни училишта во Југозападна Македонија, односно во: Струга, Охрид, Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово, Скопје и Куманово.

User Login