ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА

Оваа грантова шема е дел од проектот “Граѓанско учество за локална демократија” кој го имплементираат Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локална демократија (ЦРЛД) во трите партнерски општини: Струга, Струмица и Центар. Проектот се спроведува во рамките на Програмата на ЕК ИПА 2 за поддршка на граѓанското општество и медиумите за  2014 година (грант ИПА – 2015/ 370- 985).

Целта на проектот е да му помогне на граѓанското општество во неговиот непречен демократски развој, поточно на граѓанските организации кои работат во областа на културата во трите горенаведени општини.

Во текот на проектот беа подготвени и усвоени локални Стратегии за култура во трите општини проследени со акциски планови.

Со овие грантови  се поддржуваат иновативни, локални проекти од областа на културата исклучиво од усвоените локални Стратегии и акциски планови за култура, односно утврдените приоритети/ мерки/активности во нив.

Вкупниот фонд на грантовата шема изнесува 85,500 EUR, а максималниот износ на секој поединечен грант е 9,500 EUR.

Избраните граѓански организации треба да ги реализираат своите активности во рок од 5 месеци по потпишувањето на Договорот за грант.

На 17 јануари 2017 година Комисијата за одлучување по повикот донесе одлука од 31 пристигната пријава да додели грантови на 9 проекти, во вкупен износ од 84.720 ЕУР.

Комисијата за одлучување по повикот донесе одлука, којашто беше потврдена од Управниот одбор на ФООМ, да додели грантови на следните проекти:

  • „Музеј Виа Кандавиа – Ливада”, дестинација за културен туризам во Струга”, Здружение за етнокултура „ВИА Кандавиа” – Стругa;
  • „Струга Креативен град”, Здружение Иницијатива за независен културен активизам ИНКА – Струга;
  • „Етникумите заеднички се почитување на културните вредности”, Здружение за развој на меѓуетнички дијалог „Етнитети” – Струга;
  • „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме!”,Организација на жени од Струмица;
  • „Интерактивна платформа на манифестации, настани, културни работници и организации/здруженија во доменот на културата”, Здружение Туристички сојуз – Струмица;
  • „Креативна акција за културна мобилизација”, Здружение за едукација и развој на лица со пречки во развојот Еднаквост за проектот – Струмица;
  • „24.doc”, Здружение на поддршка на деца и млади со различности СИНАТА ПТИЦА – Скопје;
  • „Прво па женско – фестивал за феминистичка култура”, ЗГ за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје;
  • „Децата во центар (на вниманието)”, ЗГ Буден театар – Скопје.

User Login