Со помош на проектот ќе се обезбедат финансиски ресурси, односнo грантови, со цел да им се овозможи на граѓанските организации да ги зајакнат своите капацитети и да учествуваат во спроведувањето на локалните стратегии за култура. Активностите за развој на капацитетот ќе се фокусираат на вмрежување, јавен дијалог, односи со медиуми, застапување и финансиски менџмент.
Сето тоа ќе придонесе кон нивна одржливост и ќе ја подобри соработката со локалната власт.
Во соработка со локалната администрација, а врз основа на принципите за добро владеење, ќе се подготват сеопфатни критериуми за селекција на грантистите. Регистрираните граѓански организации ќе можат да аплицираат за грантови за поддршка на мали иновативни проекти од културата за што претходно ќе биде распишан повик. Преку грантовите ќе се поддржат и имплементираат барем 9 проекти (по три од секоја општина).

User Login