Повик за грант

1. ЗА ПРОЕКТОТ ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА 

Оваа грантова шема е дел од проектот “Граѓанско учество за локална демо кратија” кој го имплементираат Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локална демократија (ЦРЛД) во трите партнерски општини: Струга, Струмица и Центар. Проектот се спроведува во рамките на Програмата на ЕК ИПА 2 за поддршка на граѓанското општество и медиумите за 2014 година (грант ИПА – 2015/ 370- 985).
Целта на проектот е да му помогне на граѓанското општество во неговиот непречен демократски развој, поточно на граѓанските организации кои работат во областа на културата во трите горенаведени општини. Граѓанските организации, како eдна од алките на демократијата, неопходно е да имаат активно учество во креирањето на локалната политика од областа на културата, а тоа се овозможува преку финансиска поддршка и соработка со локалните власти.

Очекувани резултати од проектот Граѓанско учество за локална демократија се:

  • Зголемување на улогата на граѓанските организации во развојот на општините со нивно учество во донесување одлуки и развој на локалната културна политика
  • Преку партиципативен демократски процес да се обезбеди средина која поттикнува ефективност и придонес на локалните граѓански организации во имплементацијата на локалните културни стратегии
  • Локалните власти создаваат инструменти и финансиски придобивки кои овозможуваат одржливост на граѓанските организации во имплементација на локалната културна политика и
  • Преку локалната грантова шема на транспарентен, отчетен, фер и недискриминаторски начин се создаваат локални инструменти за идна финансиска поддршка на граѓанските организации

Во текот на проектот беа подготвени и усвоени локални Стратегии за култура во трите општини проследени со акциски планови. Со овие грантови ќе се поддржат иновативни, локални проекти од областа на културата исклучиво од усвоените локални Стратегии и акциски планови за култура, односно утврдените приоритети/мерки/активности во нив.

Стратегија и акциски планови за култура за општина Струга МК (Линк)
Стратегија и акциски планови за култура за општина Струга ALB (Линк)
Стратегија и акциски планови за култура за општина Струмица (Линк)
Стратегија и акциски планови за култура за општина Центар (Линк)

Вкупниот фонд на грантовата шема изнесува 85,500 EUR, а максималниот износ на секој поединечен грант е 9,500 EUR.
Избраните граѓански организации ќе треба да ги реализираат своите активности во времетраење од најмногу 5 месеци по потпишувањето на Договорот за грант.

По изборот на грантистите предвидени се обуки во кои тие ќе бидат обврзани да учествуваат наменети за зајакнување на нивните капацитети (Обуки за финансиско управување со проекти и поднесување извештаи на проекти финансирани од Европската Унија; Обуки за вмрежување и меѓусебна соработка; Обуки за односи со јавност и соработка со медиумите и Подготовка на План за управување во областа на културата). Истотака предвидени се и менторски сесии и мониторинг посети од страна на спроведувачот.

2. КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА ВО ПОВИКОТ

Повикот е отворен за сите граѓански организации кои:

  • Се регистрирани во Општина Струга, Струмица и Скопје (со активности во Општина Центар) како здруженија или форми на здружување согласно Законот за здруженија и фондации или Законот за култура и спроведуваат активности на територијата на трите општини. Овие граѓански организации ќе можат да бидат носител на проекти само во сопствената општина;
  • Промовираат родова еднаквост, етничка различност и вклучување на лицата со посебни потреби и поттикнуваат меѓуетничката соработка во граѓанските организации и заедниците;
  • Предност ќе имаат оние граѓански организации кои ја имаат наведено областа култура како цел на делување и/или учествувале како носители или партнери на одреден проект од областа на културата.
  • Една организација може да аплицира со повеќе проекти, да учествува како партнер во повеќе, но како носител може да добие само еден, без разлика од бодовите на другите проекти со кои аплицирала.

3. ИНФОРМАТИВНИ СРЕДБИ

Фондацијата Отворено општество – Македонија ќе организира и информативни средби за заинтересираните кандидати за овој повик:

  • 19.12.2016, понеделник, 12 часот, информативната средба во Центарот на Заедницата во Општина Струга, ул. Владо Малески бб. тел: (046) 83 91 12
  • 20.12.2016, вторник, 12 часот, информативната средба во Центарот на Заедницата во Општина Струмица; ул. „Благој Мучето“ бб, Дом на АРМ, тел. (034) 334 117
  • 21.12.2016, среда, 12 часот, информативната средба во Салата на Советот на Општина Центар; ул. Михаил Цоков бб, Тел: (02) 32 03 680

4. ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА

Секоја пријава ќе биде првично оценета за да се утврди дали ги исполнува основните барања во согласност со критериумите за квалификација/елиминација:

  1. Барателот е регистриран во општината во која ќе се одвива проектот. (За проектите за Општина Центар барателите може да се регистрирани и на територијата на Скопје, но своите активности да ги спроведуваат во Општина Центар).
  2. Проектот е опишан и поднесен во дадениот образец за пријавување и прилозите кон него;
  3. Сите барани документи и прилози се целосно пополнети и поднесени пред истекот на крајниот рок;
  4. Сите барани документи се пополнети електронски, а не на рака;
  5. Побараната финансиска поддршка не го надминува максималниот износ на грант наведен во овој конкурс;
  6. Проектот не вклучува капитални инвестиции и градежни работи;

Пријавата мора да биде во согласност со сите критериуми, со цел истата да премине во фазата на оценување. Пријавите кои не ги исполнуваат овие услови ќе бидат одбиени.

Сите пријави што биле позитивно оценети во фазата на првично оценување ќе бидат презентирани пред Комисијата за селекција, која ќе ги оценува апликациите врз основа на следниве критериуми за избор:

1. Проектен пристап и предлог-буџет (максимум 70 поени)

  • Целта, резултатите и предложените активности се јасно утврдени (30 поени)
  • Целите и резултатите се остварливи (30 поени)
  • Рационалност на буџетот (10 поени)

2. Организациски капацитет на организацијата (максимум 30 поени)

  • Административни, финансиски и менаџерски капацитети на граѓанската организaција (20 поени)
  • Релевантни искуства и резултати во реализирање на проекти во полето на културата во соодветната општина (10 поени)

Во текот на процесот на оценување, ФООМ може да побара дополнителни информации од подносителот на пријавата за предлог-проектот или за организацијата, коишто смета дека се потребни за завршување на оценувањето. Барањето дополнителни информации не подразбира дека ФООМ ќе го поддржи или нема да го поддржи предлог-проектот. Пред одобрувањето на грантовите, ФООМ може да ги посети пријавените организации.

До пријавените организации ќе се испратат писма за одобрување, односно одбивање на предлог-проектите.
Листата на избраните организации ќе биде објавена и на веб страната www.cpc.mk и www.fosm.mk

Организациите чии предлог-проекти ќе бидат одобрени ќе добијат Договор за грант во кој се наведени правата и обврските на организацијата-грантист.

5. ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Материјалите за пријавување се достапни на следните линкови:

Образецот за пријавување на проектот Граѓанско учество за локална демократија Прилог 1 (Линк)
Образецот за предлог буџет Прилог 2 (Линк)
Упатството за буџетирање (Линк)

Секој предлог-проект треба да биде поднесен на образецот за пријавување на проектот Граѓанско учество за локална демократија (Прилог 1), вклучувајќи го образецот за предлог буџет (Прилог 2) и сите потребни прилози.
При пополнување на Образецот за предлог буџет (Прилог 2) да се води сметка за правилата дадени во Упатството за буџетирање и за тоа дека во соработка со ФООМ сите избрани грантисти самостојно ќе спроведат постапка за ослободување од ДДВ по основ на странска донација во Секретеријатот за европски прашања (СЕП).

Образецот за пријавување треба да биде целосно пополнет, и тој не смее да надминува 14 страници (без предлог буџетот и прилозите). За пополнување на пријавата се користи фонт Calibri, големина 11.

Потребни прилози:

  1. Тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија, не постара од една година
  2. Работни биографии на персоналот вклучен во проектот (максимум две страници за секоја биографија)
  3. Листа на реализирани проекти

Комплетните пријави мора да бидат поднесени во оригинал на македонски јазик со овластен потпис и печат во еден примерок. Во Општина Струга комплетните пријави можат да бидат поднесени и на албански јазик. Во прилог на документите, треба да се поднесе и ЦД со електронската верзија на сите документи. Печатената и електронската верзија на документите треба да бидат идентични.

Комплетната пријава мора да се поднесе во едно плико, обележано со наслов „Конкурс за доделување грантови на граѓански организации од областа на културата” и името на организацијата.

Пријавите мора да бидат испратени пo курирска пошта или да бидат испорачани на рака, на адресите дадени подолу. За пријавите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на адресата на ФООМ, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.

Пријавите мора да бидат пристигнати во ФООМ, а за граѓанските организации од Општина Струга и Општина Струмица се дава можност истите да ги достават и до Центрите на заедницата на Општина Струга и Општина Струмица, најдоцна до 16.00 часот, понеделник, 9ти јануари на 2017 година. Пријавите добиени по овој рок нема да бидат разгледувани.

Места за доставување на документите за аплицирање на повикот:

Фондација Отворено општество – Македонија
Бул. „Јане Сандански“ 111
Скопје
тел. (02) 2444488

Центарот на Заедницата во Општина Струга,
Ул. Владо Малески бб.
тел: (046) 83 91 12

Центарот на Заедницата во Општина Струмица;
Ул. „Благој Мучето“ бб,
Дом на АРМ,
тел. (034) 334 117

Евентуални прашања во врска со повикот можат да бидат поставени исклучиво по писмен пат на vlatko.petrushevski@fosm.mk.

User Login