Проектот “Граѓанско учество за локална демократија” е финансиран преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европска унија и предвидено е да се реализира во периодoт од јануари 2016 до јуни 2017 година. Проектот го имплементираат Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локална демократија (ЦРЛД).

Проектот се стреми да му помогне на граѓанското општество во неговиот непречен демократски развој, поточно на граѓанските организации кои работат во областа на културата во трите партнерски општини: Центар, Струга и Струмица.

Граѓанските организации, како eдна од алките на демократијата, неопходно е да имаат активно учество во креирањето на локалната политика од областа на културата, а тоа ќе биде овозможено преку финансиска поддршка и соработка со локалните власти.

Во текот на проектот ќе се преземат следните активности:

  • Изработка на Студија за проценка на состојбата на културата која ќе препорача идни чекори во креирањето политики од таа област.
  • Создавање на Програма за јакнење на капцитетите во областа на стратешко управување и активно учество на невладините граѓански организации и локалните власти.
  • Развивање на локални стратегии за култура во трите општини проследени со акциски планови.
  • Подготовка на План за управување во областа на културата
  • Доделување на грантови за јакнење на капацитетот на граѓанските организации

 

Со активностите што ќе бидат превземени во проектот се очекуваат следните резултати:

  • Зголемување на улогата на граѓанските организации во развојот на општините со нивно учество во донесување одлуки и развој на локалната културна политика.

User Login